Властите сметаат дека ова е единствениот начин да се избегне „анархичниот хаос“ којшто исчезнува во екот на сезоната поради мноштвото туристи кои за да направат селфи фотографија, подолго време се задржуваат на поедини места, го попречуваат сообраќајот и ги блокираат улиците во ова туристичко место.

Властите на живописното Портофино, омилената туристичка дестинација на италијанската ривиера, усвоиле ново правило за забрана на долготраен престој во поедини делови од населеното место, што предизвикало незадоволство кај следбениците, особено кај оние кои секаде сакаат да си направат селфи фотографија.

Тоа се местата од кои туристите имаат особено добар поглед на популарниот залив, а некои овој потег го протолкувале како забрана за селфи фотографирање.

Доколку туристите предолго се задржат во означените простори за фотографирање, би можеле да платата казна од 275 евра.

Градоначалникот на Портофино Матео Виакава којшто ја потпишал уредбата, појаснил во понеделникот дека помеѓу центарот на градот и плажата ќе биде воведена црвена зона, пренесува „Анса“.

Тој објаснил дека тоа е единствениот начин да се избегне „анархичен хаос“ којшто настанува во срцето на сезоната поради мноштвото туристи кои сакаат да направат селфи фотографии.

Правилото стапило на сила веќе во текот на велигденскиот викенд и зголемениот број на туристи и ќе биде на сила до крајот на октомври секој ден од утрото до 18 часот. Веста за оваа уредба брзо се проширила на интернет. Предизвикала негодување, особено во британските медиуми, а подигнала бура и на социјалните мрежи.

Виакава луто реагирал на реакциите од јавноста:

„Немојте да се глупирате. Никој тука не забрани селфи фотографирање, па дури и како што пишуваат Англичаните, нема причина да им верувате“, рекол тој во понеделникот.

Тој објаснил дека уредбата е само поради безбедносни причини, забрането собирање и подолго престојување во поединечни места.

Правила поврзани за правење селфи фотографии се на сила и во САД, Франција, Велика Британија, Шпанија, Јапонија…

Њујорк и Калифорнија со закон забраниле селфи фотографирање во зоолошките градини во кои има опасни диви животни, како што се тигри и мечки…

Селфито исто така не е дозволено на некои делови од Лондонската кула, Кралските капели и Куќата на скапоцености.