Телото на Игор Манојловиќ (22), кој исчезна во неделата наутро во Ваљево, е пронајдено во населбата Пети пук. Како неофицијално дознаваат српските медиуми, младиот човек се самоубил со бесење.

– Она што го знаеме е дека исчезнал утрото сабота кон недела, околу 6 часот утрото последен пат се огласил. Им испратил порака на пријателите: „Каде сте, дали спиете?“, а после тоа му се губи секаква трага – изјави денеска за „Блиц“ Марија, сестрата на несреќниот млад човек.

Како што дознаваме, Игор утрото објавил и слика на Инстаграм, а потоа веќе не се огласувал.

-Беше дома, вечерта седеше пред зграда со другарите, па влезе внатре, а потоа отиде во пекара и јадеше. Во меѓувреме се пресоблече и повторно излезе надвор. Оттогаш го снема – изјавила Марија.

Игор исчезна во населбата „27-ми ноември“ во Ваљево. Како што рече сестрата, тие ги прашувале пријателите со кои Игор се слушнал за тоа каде би можел да биде нејзиниот брат.