Супервизорот Мартин вечерва ги прочита бодовите наместо водителот од Холандија. Појавувањето на Мартин на сцената беше проследено со свирежи од публиката.

Холандија ѝ даде 12 поени од жирито на Швајцарија.

Денеска беше донесена одлука Холандија да се дисквалификува од Евровизија 2024 година.

Имено, откако шведската полиција изврши детална истрага за инцидентот кој се случи за време на полуфиналната вечер, донесена е одлука за дисквалификување на претставникот на Холандија, Јост Клајн.

Швајцарија води, Хрватска трета

Прочитани се сите гласови на жирито од 37 земји, по што на првото место се најде Швајцарија со 365 поени, Франција со 218 поени и Хрватска на третото место со 210 поени.

Следат гласовите на публиката кои имаат големо значење и способност да ја променат состојбата на табелата.