Швајцарија е победник на Евровизија за 2024 година. Ова е епилогот по драматичното натпреварување вечерва кое имаше среќен крај за Швајцарците. Хрватска заврши на второто место.

Швајцарија ја претставува Немо со песната „The Code“. Тој се декларира како родово неутрална личност, а неговата песна зборува за еден вид лични борби и борби со околината и испраќа порака дека секој треба да го следи својот пат и да си го бара своето место.

Швајцарскиот претставник донесе на големата сцена мешавина од различни музички жанрови, многу енергија и многу емоции.