РЗА Ателстон Маерс е името на синот на пејачката Ријана, кој се роди пред речиси една година. Пејачката го криеше неговото име од јавноста, но какошто пренесува Дејли Мејл ексклузивно го добиле изводот на родените на машкото бебе, на кој пишува дека неговото име е РЗА Ателстон Маерс.

Детето го носи презимето на неговиот татко, раперот АСАП Роки, чие вистинско име е Раким Мајерс. Момчето, наводно, го носи и средното име на неговиот татко, иако неколку пати е наведено дека се пишува Ателастон.

Споменатите медиуми пишуваат дека синот најверојатно го добил името во чест на продуцентот и рапер РЗА, водачот на кланот Ву-Танг, американски хип-хоп колектив основан во 1992 година. Инаку, Ријана неколку пати е фотографирана во облека со името на тој бенд.

Изводот од матичната книга на родените открива и дека РЗА е роден во медицинскиот центар Седарс-Синаи во Лос Анџелес. По раѓањето на момчето, фановите шпекулираа дека се вика Ноа, но се испостави дека тоа не е вистина.