Холивудската актерка Сузан Сарандон се најде зад решетки како една од актерките кои протестираа во Капитол на државата Њујорк во Олбани.

Законодавците од државата Њујорк планираат да ја зголемат минималната плата на 17 долари на час, и покрај тоа што работниците од рестораните кои добиваат бакшиш се исклучени од новиот закон, јавуваат американските медиуми.

Сузан, заедно со останатите кои беа приведени, набрзо излезе од притвор, а во јавноста се појавија фотографии од актерката со лисици на рацете.

Холивудската ѕвезда е позната по учеството на бројни протести и гласно искажување на своите ставови.