Последна информација: Беким Незири од ДУИ (поранешен министер за економија) е во полициска стница во Автокоманда по упадот во контролата на летање, потврдија за Телма, полициски извори.

Како се случил инцидентот

Инцидентот се случил околу 15:15 часот. По прес конференцијата на Синдикатот на М-НАВ ( вчера претседателот на синдикатот Александар Тасевски бил повикан во полиција откако двајца директори на ДУИ го пријавиле за закани) на која беа обелоденети и определени сомнежи за злоупотреба на менаџментот, две возила пристигнале без никаков проблем на пакингот пред зградата на контролата на летање, познатата Кула.

Претседателот на партискиот огранок на ДУИ во Чаир, Беким Незири, со картичка пропуштил седум луѓе кои не биле вработени во контролата и каде за невработени е невозможно да се влезе беа безбедносни проверки и посебни дозволи за влез.

Групата од 8 луѓе во објектот од кој се надгледува и осигурува безбедноста на авиосообраќајот над Македонија, дошла до вработениот П.Б. Му замериле зошто бил со синдикатот, а не со партијата.

Насилникот Е.С. (близок соработник на Беким Незири) дошол и го удрил контролорот, по што Незири почнал да му вика и да му се заканува. Настанала вербална расправија, по што нападнатиот контролор пријавил на полиција. Насилниците им викале на уште двајца контролори-Албанци.

Напаѓачот Е.С. всушност бил сопруг на нововработена во М-НАВ која таму засновала работен однос пред неколку месеци, кога почнаа барањата на синдикатот наместо партиски кадри на непотребни позиции да се примаат стручни лица на потребните места за да се задржи безбедноста на авио-сообраќајот.

Полицијата соопшти дека 4 лица биле повикани на разговор во станица, а според информациите на Телма меѓу повиканите бил и партискиот функционер на ДУИ Беким Незири кој бил повикан во полициска станица Газибаба, во Автокоманда. По уште 4 лица кои упаднаа во МНАВ се трага.