Кога агенцијата Геа турс објави објава на својот профил на Инстаграм пред два дена дека го прекинува превозот на патници од и кон Грција, неколку српски државјани се најдоа во голем проблем. Бидејќи, само неколку дена пред дасе вратат за Србија, тие дознаа дека треба да се снаоѓаат сами, односно дека се оставени сами на себе за да го организираат своето враќање, пишува српскиот портал „Блиц.рс“

„Почитувани патници, бидејќи грчките погранични служби спречуваат непречен транспорт со комбе, не сме во можност да продолжиме со превозот до оваа дестинација до ново известување. – Доколку има промени, навремено ќе ве информираме на профилите на Фејсбук и Инстаграм и нашата веб-страница, се вели во пораката од пред неколку дена која ја добиле неколку Срби кои биле на одмор во Грција.

„Проблемот е во Грците“

Според директорот на агенцијата Геа Турс, Зоран Баловиќ, ваквата порака наводно е производ на деловната политика и монопол на грчките автопревозници.

– Околностите се страшни за нас, и морално и материјално. Грчките цариници практично не ни дозволуваат да возиме патници до нивната земја со комбиња и минибуси. Тие измислуваат регулативи, земаат патници, ги туркаат во нивните автобуси „Сиамос“ и „Партикалос“, кои наводно ги „штитат“ од нас – вели тој на почетокот на разговорот за Блиц.

Како што додава тој, овој начин на патување „од влечки до влечки“, односно од дома до адресата на море, е привлечен за граѓаните на Србија и тие со задоволство го користат. Бидејќи во неколку наврати имаа проблеми на границата со Грција и Македонија, агенцијата ги премести своите комбиња на границата меѓу Бугарија и Грција, односно граничниот премин Промахонас. Сепак, епилогот беше ист на крајот, па агенцијата одлучи да го запре превозот на патници до Грција до ново известување.

-Тие наплатуваат огромни казни, возачите и патниците се соочуваат со непријатности. Нема кој да нè заштити нас кои превезуваме патници со години за време на сезоната. Контактиравме со нашиот конзулат во Солун, правната служба Јута, но и тие се немоќни. Тие ги применуваат прописите селективно, а објаснувањата често пати се небулозни – рече тој на крајот од разговорот за Блиц, додавајќи дека патниците се заинтересирани за нивните услуги, но дека не им се дава можност да им излезат во пресрет.

Правилата како камен на сопнување

Каменот на сопнување лежи во фактот дека оваа агенција не знаела дека постои правило дека комбе може да биде полно само 50 проценти од својот капацитет, бидејќи претходно поминувале без проблеми, и сметале дека важи истото правило како и за автобусите, каде се дозволени 80 проценти. Во комбињата ситуацијата е поинаква и наместо дури осум патници, дозволени се само четири патници.

-Поради незгодната ситуација во која се најде со нејзината сестра и тригодишното дете, контактиравме и со Драгана Ј., која остана во непријатна позиција поради одлуката на агенцијата „Геа“ да го прекине превозот на туристи, поради што таа морала да најде алтернатива за враќање со нејзината сестра и дете од Ставрос, пишува Блиц.

Таа ги контактирала по препорака на нејзината сестра

Како што рече, се одлучила на овој начин на патување по позитивното искуство што го имала нејзината сестра.

-Мојата сестра имаше добри искуства со Геа, патуваше порано со нив и немаше проблеми. Ни требаа точно шест дена и најдовме сместување во Ставрос, каде што претходно сме биле. Комбето на Геа дојде без проблем во нашата куќа и нè возеше до сместувањето – ја започнува својата приказна за Блиц.

Тие платиле за еднонасочно патување, додека за враќање назад се плаќа кога возилото ќе пристигне на адресата во странство. Таа ја контактирала агенцијата во неколку наврати пред патувањето.

-Мми се јавија ден-два пред патувањето и ми го диктираа бројот. Без никаков проблем стигнавме до Ставрос – вели таа.

Проблемите започнале неколку дена по нејзиното пристигнување, кога добила порака дека се откажува повратниот трансфер и дека со сестра и и детето оставени сами на себе.

– Ни се јавија во вторникот и рекоа дека имаат проблеми на границата. Имено, тие се обиделе да пренесат осум лица, што е недозволно поради короната и тие и патниците платиле. Цитирам, тие ни го рекоа следново: „Не се исплати за нас, не можеме да дојдеме по вас“. Тие дури и не се потрудија да ни најдат алтернатива. Ако веќе не можете да го исполните вашиот дел од договорот, пронајдете ни алтернатива. Во нашиот случај, две жени беа оставени сами на себе, заедно со мало дете. – рече видно револтирана Драгана.

„Не се исплати да доаѓаме по вас“

Според неа, тие најмногу оделе на море поради детето, да го вдиши морскиот воздух, а во целата непријатна ситуација, за нејзина среќа, нејзиното дете не ги почувствувало проблемите што се случуваат. Како што рече, таа и нејзината сестра биле подготвени на сè, за одложувања и гужви, но дури ни во најлудите соништа, можност за откажување на повратниот превоз.

– Успеавме да се снајдеме за превоз, бидејќи има многу Срби и агенции во Ставрос. Моравме да жртвуваме една ноќ за да се вратиме. Немаме договор, како што многуммина ме прашаа, затоа што не склучувате договор со други превозници во рамките на Србија, туку плаќате за билетот. Редовно се враќаме дома. Сепак, тоа не го намалува фактот дека некој смета дека е во ред да остави некој да се снаоѓа самостојно за да може да биде пренесен дома – заклучи таа на крајот од разговорот за Блиц, додавајќи дека најмногу ја повредиле зборовите од агенција дека „не се исплаќа да доаѓале по нив“.

Транспорт со комбе – легален или не?

Во врска со проблемите на српските туристи кои со комбе заминале во Грција, Блиц контактирале и со директорот на Јута, Александар Сеничиќ, кој изјавил дека ваквиот превоз не е легален и дека е потребна дозвола за превоз на патници од земја до земја. Тој исто така истакна дека Јута е подготвена да им помогне на патниците онолку колку што дозволуваат нејзините можности.

– Според мое знаење, овој вид на превоз не е легален. За да ја напуштите Србија и да влезете во земјите на Европската унија, како и другите земји, потребна е дозвола за транспорт. Колку што ми е познато, превозниците со комбе комбинираа превоз со странски партнери на границите, тие ги претоваруваа патниците од возила до возила. Некои дури успеаја да влезат во земјата и да извршат превоз. Сепак, таа ситуација воопшто не е добра. Превозникот сега се обидува да излезе од ситуацијата бидејќи не ги продал повратните билети, па се најде во сериозен проблем – вели Сеничиќ.

„Сакаме да помогнеме“

Според него, еден од начините патниците да се вратат во земјата е да контактираат тур-оператори од Србија, но и дека има проблем бидејќи сè зависи од зафатеноста на капацитетот на автобусот, местото на живеење, и датумите на кои автобусите се враќаат во Србија, бидејќи аранжманите се вршат главно за седум, десет и четиринаесет дена.

Факторот што условува сè е короната, односно – автобусите што влегуваат и ја напуштаат земјата, може да се полнат до максимум 80 проценти. Оваа ситуација не се однесува во Србија и Македонија, каде што е дозволен целосен капацитет.

– За патниците кои сè уште не успеале, најдобро е некако да стигнат до Солун. Оттаму полесно е да се најде начин да се вратат во Србија. Кога ќе се вратат, мој совет е да контактирате со надлежните инспекции, и туристички и сообраќајни, за да ја видите одговорноста и евентуално да влезете во судски спор за надомест на штета, вели директорот на Јута.

Сеничиќ дополнително посочи дека е потребна посилна контрола врз операторите, но исто така и дека луѓето мора да бидат свесни за сите опасности кога ги организираат своите патувања на овој начин.

-Ако знаевме колку луѓе се вклучени, сега зборуваме за Јута, па можеме да им дадеме информации и да контактираме со агенциите и некако да им обезбедиме места под услов да се во автобуси. Тие билети, се разбира, ќе треба да се платат, но ќе видиме дали е можно враќањето да биде организирано до најблиското место на живеење, доколку нема директно. Проблемот е што треба да се вклопи датумот, бидејќи претежно секој прави десетдневни аранжмани – изјави директорот на Јута, Александар Сеничиќ за Блиц.