Дваесетгодишната бремена девојка Јована Петровиќ од Србија, почина синоќа во Универзитетскиот клинички центар во Ниш, како последица на инфекција со корона вирус.
На 2-ри октомври, во четвртиот месец од бременост со близнаци, Јована била примена во Универзитетскиот медицински центар Ниш, а поради влошената здравствена состојба, ден подоцна била префрлена на одделот за интензивна нега, каде била поврзана со вештачка машина за вентилација.
Од моментот кога била хоспитализирана, била под постојан надзор на доктори од сите специјалности, но за жал починала доцна синоќа.
Мајката на Јована, Ана во солзи објаснува дека Јована не била болна пред заразата со Ковид-19.
– Поради силна кашлица, ја испратија во Ниш. Последен пат се слушнавме пред два дена и таа ми рече дека е лошо, дека не може да зборува и се гуши, вели несреќната мајка.
Мајката на починатата трудница вели дека Јована работела во продавница, дека е многу среќна за бременоста и дека не сака да се омажи, туку да биде самохрана мајка.
Јована била единица во семејството.