Пожар во кругот на скопската фабрика ОХИС избувна попладнево. На терен се излезени и службеници на Министерството за внатрешни работи и пожарникарските екипи на Град Скопје.
Од Центарот за управување со кризи, велат дека во моментов се прибираат информации за овој пожар, но попрецизни информации ќе има подоцна, бидејќи екипите се на терен.
„Затвоен е патот кон Драчево. Во тек е прибирање на информации бидејќи имаме 18 пожари на територијата, пожарникарите на Град Скопје не успеаја да ни дадат конкретни податоци бидејќи противпожарните бригади се на терен, се справуваат“, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) на прес-конференцијата попладнево.
🚨 Кај Охис – Скопје pic.twitter.com/wcxeErRgr0
— EnciklopedijaMK (@EnciklopedijaMK) August 5, 2021
Од ЦУК, информираат дека на терен кај пожарот кај ОХИС е и стечајниот управник со оглед дека фабриката е во стечај, а известен е и Инспекторатот за животна средина бидејќи и тој има таму свои надлежности.
🚨 Кај Охис – Скопје pic.twitter.com/wcxeErRgr0
— EnciklopedijaMK (@EnciklopedijaMK) August 5, 2021
Според штотуку емитуваниот извештај на Канал 5, пожарот во ОХИС е на три места, но заменик командирот на ПП единица во Скопје не можеше да каже дали постои опасност кај депонијата со линдан, кaде што добра околност е што нема трева.
Еден пожарникар вдишал чад, но нема информации каква е неговата состојба.
Според заменик командирот, во последните неколку часа избувнале повеќе пожари во скопско поради ветерот, а пожарникарите се исцрпени.