Тешка сообраќајка се случи вечерва околу 23 часот пред патарината кај Романовце, на патниот правец Куманово – Скопје кога се судриле камион и автомобил, објави Фокус.

Според непотврдени информации, во сообраќајката загинала млада девојка, пишува Фокус. Од Министерството за внатрешни работи се уште нема официјални информации за несреќата и за жртви.

Сообраќајот на едната лента од автопатот беше во прекин, а од фотографиите и видеото коишто ни ги пратија се гледа големо полициско присуство.

МВР треба да излезе со детали по увидот од несреќата.