Никола М. (35) од село Велико Средиште кај Вршац, кој вчера без знаење на поранешната сопруга го однел од градинка нивниот двегодишен син М.М и предизвикал страшна сообраќајна несреќа во која двајцата загинале, наводно бил многу посесивен на неговaта поранешна партнерка.

Како што открива извор близок до семејството на несреќната жена, тој постојано и се јавувал на телефон и барал од неа да се смират, но таа не сакала.

-Не сакаше ни да го види детето, ниту пак прашуваше за него. Се грижеше само дали таа ќе најде друг маж. И сега, кога ја нашла среќата со некој друг, тој го направил ова грозоморно злосторство – тврди изворот на „Новости“, додавајќи дека поранешната сопруга никогаш не го пријавила во полиција за малтретирање, иако често психички ја малтретирал преку телефон.

Тој вчера пред несреќата без нејзино знаење го зел детето од градинката, а потоа по телефон ѝ рекол дека никогаш повеќе нема да го види синот.

Веднаш пријавила во полиција, но по половина час се случила тешка сообраќајна несреќа во која на лице место починале и Никола и М.М., кој наводно седел на предното седиште. Се сомнева дека намерно предизвикал верижен судар со шлепер, чиј возач В.Л., се здобил со тешки телесни повреди.

Според соопштението на обвинителството од Панчево и Вршац, сообраќајната незгода на патот меѓу Вршачките села Влајковац и Уљма се случила околу 15 часот, кога автомобил со темишварска регистрација, управуван од Никола кој возејќи кон Уљма, преминал во спротивната лента и директно се судрил со камион .

Најверојатно имал забрана за возење, а неодамна купил автомобил со романски таблички.