Германскиот бодибилдер, актер и фитнес инфлуенсер Виторио Пирбазари (44) починал откако доживеал срцев удар додека тренирал во теретана, јавуваат германските медиуми. Виторио наводно бил на лента за трчање кога доживеал срцев удар, пренесуваат германските медиуми.

Тие објавија дека актерот добил син, само еден ден пред смртта. Пирбазари на социјалните мрежи објави фотографија од враќањето на тренинзите по долга пауза поради повреда.

Актерот беше познат по улогата на Дахер Тарик во серијата на Нетфликс „Кучињата од Берлин“, а се појави и во популарната германска криминална серија „Таторт“.

На германската публика ѝ е познат и од неодамна објавениот филм „Хапс“, каде играше затвореник, а екипата на филмот се прости од него на Инстаграм со зборовите:

„Ти благодариме за топлината, креативен дух и што бевте дел од нашето патување“.