Летото и официјално пристигна, а на профилите на познатите започна рекламирањето на бикините со провокативни фотографии од преубавите песочни плажи каде уживаат сите кои веќе заминаа на одмор.

Македонската манекенка и модел Бојана Нушкова на нејзиниот „Инстаграм“ профил испрати жежок поздрав од Грција, поточно од познатиот „Сахара ресорт“ во Неа Каликратија. Таа веќе ја распосла својата убавина под топлите сончеви зраци но и го покажа стриите кои се појавиле во текот на зимските месеци.

Нив најмногу ги забележаа жен(ск)ите, додека момчињата и воопшто припадниците на посилниот пол упорно тврдат дека тоа е само пресликана шара од лежалката… Впрочем, кој ти гледа стрии и да се, кога веднаш до нив има многу поубава и повозбудлива глетка… Јоргован танга „длабоко насадена“ во она што е за чиста петка! Па нека дојде сега некој(а) да му најде мана… И да сака не може, зашто вака извајано га*е има само Бојана!

Патем, македонскиот топ модел докажа дека не користи филтри и шминкање со супериорните апликации па затоа и задницата ја покажа во вистинско светло… Или како што таа неретко умее да направи од сопственото тело „природна арт еротика“, овој пат освежувајќи се на плажата со розовиот коктел егзотика.

На плажата Бојана освен сончањето и уживањето со освежителни пијалоци, во рацете го зеде и чешелот, па ги покажа и останатите мајсторлуци… Овој пат – фризерски. На возбудливиот призор имуни можат да останат само оние „што цицале весла“, зашто сите вистински мажи ќе уживаат додека Бојана си ја чешла… Другарката, се разбира!

По завршениот фризерај следува едно заслужено – легни и одмарај! Но нејзините следбеници и на оваа глетка не останаа рамнодушни, зашто Бојана ги почести со нова тура фотографии кои мамат воздишки.

Жешки топлес пози на кои убавицата одново го истакнала сиот свој сексапил во ултра мини танга бикини, во кои љубителите на летната провокација и предизвикувачките фотки слободно можат долго да уживаат… додека возбудата не стивне! А Бојана… тука е само да им се насмее и да им намигне! (вистина.мк)