Познатата пејачка, телевизиска водителка и долгогодишна професорка по хармоника Зуица Лазова која минатата година наполни 50 години во својата плодна кариера сними отрпилика исто толку песни на број, но кариерата дефинитивно ѝ ја одбележа темата „Утринска коба“.

Многумина плачат на таа песна, во неа има многу емоции, а Лазова сега проговори дека истите се поврзани со периодот кога починала нејзината мајка и затоа тој рефререн е толку посебен.

„Луѓето не знаат, меѓутоа многу емоции се истурени врз неа за мојата прерано почината мајка на 51 година. Сепак барав од Борче да ја преиначи песната, да не биде мајка ми воопшто спомната, нели „Цветници“ таа година беше во живо, и сигурно ќе плачев и немаше да ја испеам песната како што треба. А таа песна доби седум награди, беше апсолутен победник во сите категории: аранжман, текст, интерпретација, прво, жири второ публика и Гран при..“, раскажува Лазова во интервју за порталот „Куларт“.

Таму се пее за либето, меѓутоа таа дополнува дека и друго ја допирало.

„Имаше еден друг момент кој што исто ме тераше на солзи. А тоа беше моментот кога Наум имаше одредени здравствени проблеми и чекавме резултати“, открива таа.