66-годишна скопјанка загина во центарот на Скопје откако во неа удрил Багер. Несреќата се случила на улицата „Јордан Мијалков“.

„Денеска во 11 часот било пријавено дека во Скопје на улица Јордан Мијалков работно возило (градежна машина-багер) управувано од И. А. (42) од с. Грчец, Скопско удрило во Л. Ј.(66) од Скопје која починала на местото на несреќата. Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје“, соопшти МВР, пренесува САКАМДАКАЖАМ.МК.

Минувачите велат дека глетката била страшна, а жената починала од огромените повреди од ударот на багерот. Истрагата треба да покаже која била причината што багерот ја прегазил жената која била на пешачкиот премин.

За несреќата потврдија и од МВР кој велат возачот е приведен и со него се извршил разговор, по што ќе се знае причината како дошло до несреќата.

На местото на несреќата бил извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје“, соопштија од МВР.