Артем Милевски, поранешниот украински фудбалер завршил во болница, докторите се борат за неговиот живот, ситуацијата му се подобрува. 38-годишниот Милевски кој пред две години стави крај на кариерата, е зависник од алкохол. Уште додека играше го биеше глас дека многу пие.
Откако заврши со фудбалот почнал уште повеќе да пие. Неодамна се појавила и снимка како потпишува топка и дрес со логото на Динамо Киев, а притоа едвај стои на нозе од многу алкохол во себе.
Низ социјалните мрежи се појавија информации дека состојбата на Милевски е лоша, по што се огласи неговиот пријател и поранешен соиграч од репрезентацијата, Олександр Алијев кој го однел Милевски во болница.
„Сакам да ги расчистам работите околу МИлевски. Успеавме со помош на сопственикот на Динамо Киев да го сместиме во болница. Тука е веќе пет дена и ситуацијата е многу сериозна. Докторите се бора и засега оди добро“, рече Алиев.ar