45-те телат од трагичната несреќа од 23 ноември ќе пристигнат во Скопје во вторник на 30 ноември, дознава ТВ21.

Дотогаш се очекува да биде завршена процедурата за идентификација преку ДНК анализа.

Двајца од повредени во сообраќајката во Бугарија утре ќе бидат пренесени во Скопје.

Државните функционери за ТВ21 изјавија „најдоцна до вторник ќе ги вратиме телата во Скопје“.

Денеска во јавноста излезе и информацијата дека во изгорениот автобус е пронајдено мртво тело на дете, со кое официјално е потврдено дека бројот на жртви е 45. Има 7 повредени пациенти, кои продолжуваат да се лекуваат во Софиската болница.