Авто превозникот во чиј автобус загинаа 10 лица во Хрватска, на истиот ден пред 10 години предизвикал тешка сообраќајна несреќа во која загинале пет члена од исто семејство.

Автобусот на „Дева Турс“ излета од патот во неделата наутро во близина на Славонски Брод, а во несреќата загинаа 10 лица. На истиот ден пред 10 години во Косово, автобус на истата компанија предизвикал сериозна сообраќајна несреќа.

Медиумите во Косово потсетуваат на трагичната приказна за семејство кое загина во несреќа во селото Лугбунар кај Ѓаковица пред точно десет години, на 25 јули 2011 година, на истиот датум со страшната сообраќајна несреќа кај Славонски Брод, во која во неделата загинаа десет лица.

Петчленото семејство Тачи – маж, жена, нивните две ќерки и ќерка на нивен роднина, загинаа во несреќа кога ги удри автобус.

Тоа беше една од најголемите трагедии во Косово, во која згасна практично цело семејство, а беа повредени уште две лица од исто семејство.

Несреќата во 2011 година се случила затоа што автобусот на „Дева Турс“ преминал во спротивната лента и удрил во автомобилот со кој патувал несреќното семејство.