Струмица денеска е во тага по прерано починатиот струмички актер Стојан Стојанов – Тачи.
Роден е на 29 октомври 1973-та година во Струмица. Средно образование завршил во Струмица, а во театарот бил вработен од 2013 година. како актер – натуршчик,во епизодни улоги настапил во неколку театарски претстави во струмичкиот театар.
Играл во епизодна улога и во филмот „Златна петорка“ од 2016 година во режија на Горан Тренчовски.