Коста К. кој го изврши масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“, кога беа убиени десет лица, изразил каење за стореното, изјави за порталот N1 адвокатката на неговиот татко Ирина Боровиќ.
Коста беше сослушан преку видеоврска како сведок во постапка што ја води Вишото јавно обвинителство против неговиот татко Владимир К., поради сомнение дека го обучувал својот син да ракува со огнено оружје и муниција така што го однел во стрелачки клуб да вежба гаѓање.
Боровиќ за Н1 изјави дека Коста бил детално испрашуван и дека го потврдил она што претходно го изјавил таткото за начинот на чување на оружјето со кое се изврши масовното убиство.
Таа додаде и дека момчето кажало дека татко му не му го овозможил првиот контакт со оружје, како што се шпекулираше во медиумите.
-Денеска изрази каење за тоа што го направи, изјави адвокатката Боровиќ.
– Не можеше да објасни зошто го направи тоа. Рече дека се предомислил, дека се кае и ако може „да го врати филмот“ не би го направил тоа. Исто така, тој не наведе конкретна причина зошто на 3 мај влегол во училиштето со оружјето на неговиот татко и пукал во своите врсници – вели изворот на „Блиц“.
Со оглед на тоа дека момчето во моментот на делото немало 14 години, кривично не одговара.