Марија Атанасовиќ, сестра на исчезнатиот Миле Тодоров по кого се трага речиси пет месеци, алармираше дека тој бил забележан како се движи по планината „Серта“, но очевидецот, не успеал да го запре. За ова, пријава добила и полицијата која постапила. Атанасиевиќ, посочува дека ликот на Миле бил видоизменет, односно дека имал долга коса и брада.
– Ве молам споделувајте, по сознанија од очевидец, брат ми Миле Тодоров, исчезнат на 30.01 е виден како се движи покрај планината ‘Серта’, доста бил ослабнат и со долга коса и брада. Ве молам ако се движите таму и видите таков човек, да пријавите во полиција“, стои во нејзината објава.