Пензионираниот генерал Роберт Абрамс ги сподели своите размислувања за неизвесната судбина на Пригожин по краткотрајниот вооружен бунт на групата Вагнер.

Шефот на бунтовничката платеничка група Вагнер, Евгениј Пригожин, веројатно е или мртов или во затвор, вели поранешен висок американски воен лидер.

Неговата средба со рускиот претседател Владимир Путин по неуспешниот пуч најверојатно била лажирана, додава тој.

Пензионираниот генерал Роберт Абрамс, соработник на ABC News, кој претходно служеше како командант на американските сили во Кореја, ги сподели своите размислувања за неизвесната судбина на Пригожин по краткотрајниот вооружен бунт на Вагнер групата минатиот месец.

– Моја лична проценка е:

Се сомневам дека некогаш повторно ќе го видиме Пригожин во јавност. Мислам дека или ќе го сокријат, или ќе го пратат во затвор, или ќе се справат со него на некој друг начин, но се сомневам дека некогаш повторно ќе го видиме – изјави Абрамс за ABC News.