МВР информира дека вчера во 18.00 часот во Полициската станица Карпош било пријавено дека во приватна болница на подрачје на Карпош на 16.08.2023 во 19.43 часот бил донесен В.А.(47) од Скопје, кај кого лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство.
Увид извршила екипа од СВР Скопје, а за настанот бил известен јавен обвинител, по чија наредба телото било дадено на обдукција.