СТАТИЈАТА ПОЧНУВА ВЕДНАШ ПОД РЕКЛАМИТЕ!
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА! НАШИОТ ПОРТАЛ ЗА МЕСЕЦ СЕПТЕМРИ ВИ НУДИ СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА ЗА БАНЕР РЕКЛАМИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА 50% ПОПУСТ! ИСКОРИСТЕТЕ ЈА МОЖНОСТА И ДАЈТЕ МУ КРИЛЈА НА ВАШИОТ БИЗНИС
СО САМО ЕДЕН КЛИК И ЛАЈК НА НАШАТА ОФИЦИЈАЛНА СТРАНИЦА МОЖЕ ДА ГИ СЛЕДИТЕ НАЈНОВИТЕ И НАЈБРЗИ ВЕСТИ ОД МАКЕДОНИЈА, БАЛКАНОТ И СВЕТОТ! БИДЕТЕ ПРВИ ИНФОРМИРАНИ СО САМО ЕДЕН КЛИК!
Пријавена „многу ретка“ нус појава од вакцината која ја примија и многу македонски граѓани
Европската агенција за лекови (ЕМА) додаде екстремно ретко невролошко пореметување, синдром Гилен-Баре (ГБС), на листата на можни несакани ефекти на вакцината против ковид-19 на АстраЗенека.
ЕМА денеска објави дека врската помеѓу GBS и вакцината Vaxzevria на AstraZeneca е барем „разумна можност“, бидејќи се пријавени 833 случаи на синдромот, откако се дадени 592 милиони дози на вакцината ширум светот од 31 јули.
ЕМА го категоризираше овој несакан ефект како “многу редок”, што е најниската фреквенција што може да има несакан ефект.
Агенцијата посочила дека придобивките од вакцината АстраЗенека се` уште ги надминуваат ризиците.
Американската администрација за храна и лекови (ФДА) издаде предупредување дека GBS е можен несакан ефект на вакцината Џонсон и Џонсон. И двете вакцини користат векторска технологија и се поврзани со ретки случаи на згрутчување на крвта.
ЕМА, исто така, додаде повеќе безопасни несакани ефекти на вакцините Џонсон и Џонсон, Модерна и АстраЗенека, како што се болка во рацете, нозете и стомакот и симптоми слични на грип.