Малолетно момче денеска не било пуштено во два мол-трговски центри во Скопје бидејќи редарите му барале сертификат за вакцинација. Таткото на момчето со кого контактирала телевиизја Телма рекол дека неговиот син е малолетен, и не е вакциниран, ниту пак е прележан, а во трговскиот центар биле за да купат патики и други потребни работи за претстојната учебна година.
-Редарот ни кажа дека не смее да го пушти затоа што е висок и изгледа како полнолетен. Имало постојани контроли и му било страв за да не погреши. А момчето немаше лична карта. Ни се случи во два различни мола. Истото им се случило и двајца соученици кои имаат по 17 години. Мерките важат како што беше објавено само за оние што се полнолетни, изјави таткото за Телма.
Владата по вчерашната седница соошти како донесе одлука „дека за влез во угостителски објекти, кафулиња и барови, без разлика на капацитетот и бројот на присутни посетители/гости/лица, како и за настан од секаков вид (прослава, веселба, свадба, роденден, крштевка, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културен или спортски настан, обложувалници, казина), задолжително е поседување, приложување и проверка на еден од следните документи:
-сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД-19 или
-сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.“
Владата ги задолжи угостителските објекти со капацитет над 30 лица задолжителнo e да воспостават редарска служба од страна на правниот субјект за контрола и спроведување на мерката, а во помалите угостителски објекти „контролата на поседувањето на КОВИД-19 сертификатот на посетителите е должност на редовно вработените лица.“
На социјалната мрежа се споделува и едно сведоштво за случување во Сити Мол.
Приказна од денес од Сити Мол. На дечко му бараат сертификат за вакцинација:
– Еве ти сертификат. А лична карта треба?
– Не.
– Па сертификатов можда е од татко ми.
– Не знам јас ми рекоа само сертификати да проверувам.
– Хаха, добро.А ти вакциниран си?
– Не, јас не се вакцинирам
Приказна од денес од Сити Мол. На дечко му бараат сертификат за вакцинација:
– Еве ти сертификат. А лична карта треба?
– Не.
– Па сертификатов можда е од татко ми.
– Не знам јас ми рекоа само сертификати да проверувам.
– Хаха, добро.А ти вакциниран си?
– Не, јас не се вакцинирам— Фелдмаршал Игорче Развигорче (@Igor_rujo) August 18, 2021