Регионалната јавност веќе десетина дена „бруи“ за старлетата Станија Добројевиќ, откако Анела Ахмиќ, учесничка во „Елита“ ја обвини дека ѝ го превзела сопругот Асмин Дурџиќ и ги разделила од нивната ќерка.

Станија ја изнесе својата одбрана во емисијата „Амиџи шоу“ на Пинк, а потоа следниот ден ги спакува куферите и одлета за Кина, од каде реши дополнително да ја испровоцира јавноста, среде скандалот, објавувајќи сет од никогаш попровокативни, разголени фотографии.

Изгледот од милион долари и нејзиното извајано тело се вистинско уживање за сите мажи меѓу нејзините следбеници, на кои таа им го покажа целосно голиот задник додека најинтимните делови од напред ги покрива со бел чаршаф.