ФБ статус на професорот по теоретска механика, Дејан Трајковски:

Дали некој се уште верува дека луѓето можат да се чипираат со вакцинирање?

За да се уфрли чип со големина на зрно ориз би била потребна игла како на горниот дел од фотографијата.

Од друга страна, иглите за вакцинирање се како на долниот дел од фотографијата.

Понатаму, доколку навистина би можело да се уфрли чип со големина на зрно ориз, сензорот на радио-брановите би морал да се наоѓа најмногу на неколку сантиметри оддалеченост од чипот.

Со други зборови, нема теоретски шанси некој (на пример Бил Гејтс) да ве следи преку сателит, 5G мрежа или на друг начин.