М.С.(33) и нејзиниот тригодишен син загинаа во неделата во сообраќајна несреќа на патот Шабац – Ваљево, а жителите на Церовац каде се случи трагедијата велат дека оваа делница од патот е опседната.

Да потсетиме, мајката и синот загинаа завчера кога мотоциклистот Н.З.(44) удрил во „фиат“ управувано од С.С., мајката на М.С., а во несреќата загинал и мотоциклистот.

Жителите на Церовац објаснуваат дека оваа делница од патот е проблематична и дека таму во последните неколку години загинале голем број луѓе.

– Овој дел од патот изгледа е проколнат, на него изминативе неколку години загинаа над 30 луѓе. Ден пред трагедијата што ги снајде нашите соседи, му изнесоа 40 дена на млад човек кој исто така почина во близина, вели еден сосед во изјава за медиумите.

– Проблеми има со години, не знаеме точно зошто, правиот пат ги влече некако луѓето, а на кривината има испрекината линија и луѓето не обрнуваат внимание. А и возат како луди! За малку ќе бев учесник во идентична несреќа, кога токму таму возачот почна да ја престигнува колоната. Се обидов да свртам, а тој прелета пред мене, сите го прават тоа, додава тој.

Да потсетиме, фатална несреќа се случи кога мотоциклистот Н.З. почна да го престигнува камионот пред него. Пред камионот имало црвен „фиат“ со мајка, ќерка и момче. Се претпоставува дека мотоциклистот не очекувал автомобилот да биде пред камионот што го претекнувал, со сета сила удрил во задниот дел од автомобилот и речиси го откинал.

Позади седеле М.С. и нејзиниот мал син, додека зад воланот била мајката на М.С., С.С., која била згрижена во болницата во Шабац.