Пролетта 2022 година ќе почне на 20 март во 16:33 часот, што е невообичаено ако се потсетиме дека на училиште учевме дека првиот ден од пролетта е 21 март. Зошто се смени датумот на пристигнување на пролетта?
Кога точно почнува пролетта?
Бранко Симоновиќ од Астрономското друштво „Руѓер Бошковиќ“ за Би-би-си вели дека постои метеоролошки и астрономски начин на одредување на сезоната.
– На метеоролошки начин годината е поделена на четири дела, за да се води статистика и да има рамномерна распределба по сезони – објаснува Симоновиќ.
Според метеоролошките критериуми, пролетта почна на 1 март, а ќе трае до 31 мај.
Како што истакнува Симоновиќ, метеоролошкиот метод на определување „не се заснова на некои јасни природни критериуми, туку е вештачки определен“.
Астрономски начин на одредување на сезоната
Попрецизен начин за одредување на датумот на започнување на омилените сезони на многу луѓе е астрономскиот.
– Астрономски гледано, доаѓањето на годишните времиња може да се набљудува со времетраењето на денот, односно со настаните над хоризонтот – вели Симовиќ.
Кога астрономите велат дека „дојде пролетта“, тоа значи дека сонцето се преселило од јужната на северната хемисфера.
– Тогаш сонцето изгрева на исток, а заоѓа на западната страна на хоризонтот, а денот и ноќта траат еднакво, затоа тој ден се нарекува ден на пролетна рамноденица – вели Симоновиќ.
Пролетната рамноденица во 2022 година ќе се случи на 20 март, што е и првиот ден од пролетта.
Промени во иднина
Симоновиќ вели дека нема долго да се грижиме за промена на датумот за почеток на пролетта.
– Од 2048 година датумите на пристигнување на пролетта повторно ќе почнат да се менуваат: некогаш ќе падне на 19 март. Потоа, од 2102 година ќе се промени на 20 и 21 март – додава тој.
Симоновиќ додава дека во иднина, набљудувано преку грегоријанскиот календар, моментот на пролетната рамноденица ќе падне помеѓу 19 и 21 март.