СТАТИЈАТА ПОЧНУВА ВЕДНАШ ПОД РЕКЛАМИТЕ!

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА! НАШИОТ ПОРТАЛ ЗА МЕСЕЦ ЈУНИ ВИ НУДИ СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА ЗА БАНЕР РЕКЛАМИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА 50% ПОПУСТ! ИСКОРИСТЕТЕ ЈА МОЖНОСТА И ДАЈТЕ МУ КРИЛЈА НА ВАШИОТ БИЗНИС

СО САМО ЕДЕН КЛИК И ЛАЈК НА НАШАТА ОФИЦИЈАЛНА СТРАНИЦА МОЖЕ ДА ГИ СЛЕДИТЕ НАЈНОВИТЕ И НАЈБРЗИ ВЕСТИ ОД МАКЕДОНИЈА, БАЛКАНОТ И СВЕТОТ! БИДЕТЕ ПРВИ ИНФОРМИРАНИ СО САМО ЕДЕН КЛИК!

37 годишен татко си го одзеде животот откако почина синот што го оставил во вжештен автомобил

Маж во американската сојузна држава Вирџинија си го одзел животот откако почина неговиот 18-месечен син бидејќи го оставил сам на задното седиште во вжештен автомобил, јавуваат локалните медиуми.

Таткото бил излезен со бебето кога се случила трагичната несреќа и откако го пронашол безживотното тело на детето во автомобилот, нешто пред пладне се вратил во својата куќа во округот Честерфилд.

Полицијата потоа примила неколку повици дека таткото на момчето рекол дека го оставил синот во автомобил дури три часа и дека бебето можеби е мртво. Кога полицајците пристигнале, го нашле автомобилот на патеката со отворена задната врата и празно детско седиште. Во куќата го нашле мртвото тело на детето.

37-годишниот татко бил најден мртов во шумата зад куќата, наводно со прострелна рана. Не се соопштуваат ниту идентитетот на таткото, ниту на момчето.

„Ова е ужасна трагедија на толку многу нивоа. Но, би било погрешно да не се искористи можноста да им се дозволи на луѓето да разберат колку е важно да ги проверуваат нивните возила“, им рече на новинарите полицаецот Крис Хенсли.

Канадските медиуми вчера известија дека 23-месечно дете починало откако било оставено во автомобил на сонце. Станува збор за 23-месечниот Еверет Смит кој починал минатиот четврток откако бил оставен во автомобил пред гимназијата каде неговата мајка работи како професорка.