Шест дена по нејзиното исчезнување, 13-годишната Емили Х. (13) од Ленгенфелд унтерм Штајн во Германија е пронајдена жива и здрава. Таа претстојувала кај 28 годишен маж кој го запознала прелу Интернет.

– Девојката сама отишла во полиција. Покрај неа бил маж 15 години постар од неа…

– Таа доброволно се пријави во локалната полициска станица Крефелд во Северна Рајна-Вестфалија во вторникот околу 14:30 часот“, изјави началникот на полицијата Кевин Клемен за BILD во средата. Придружувана била од пријател (28) од Крефелд кој претходно го запознала на Интернет.

15 години постариот маж не е обвинет за ништо, бидејќи се утврдило дека девојчето лажело за нејзината возраст, односно се претставувала како полнолетна.