Сања Н.(22) која денеска исчезна во Бачка Паланка е пронајдена по повеќечасовна потрага.
– Сања е задржана на границата со Црна Гора. Се уште не сме ја контактирале, но од полицијата велат дека не била сама – потврдил нејзиниот брат за „Блиц“.
– Пронајдена е, ви благодариме на сите за поддршката – напиша тој на својот Инстаграм профил.
Да потсетиме, братот на девојката објави попладнево на социјалните мрежи и откри дека неговата сестра е исчезната и дека последен пат била видена на автобуска постојка околу 10.20 часот наутро.
– После тоа и се губи секоја трага и и’ е исклучен мобилниот телефон – истакнал нејзиниот брат.