Анел Кршо е убиен во пукање на шеталиште во Сараево попладнево околу 17нчасот, дознава порталот „Аваз“.

Во него пукал Нихад Сарајкиќ, кој испукал најмалку 16 куршуми.

– Околу 16 часот и 50 минути било употребено огнено оружје во шеталиштето Вилсон, подрачје на општина Центар. Во таа прилика едно лице починало, чија смрт на лице место ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. Човекот кој го употребил оружјето е под контрола на полицијата – соопштија претходно од МУП на КС.

Известен е дежурниот обвинител на КТКС.

Анел Кршо неодамна излегол од затвор.
Мотивите за убиството се уште се истражуваат, а како што неофицијално дознава Klix.ba, Кршо подолг период упатувал закани до Сарајкиќ.

Како што дознаваме, Кршо му се заканувал на Сарајкиќ и додека бил во затвор, а заканите се засилиле откако бил пуштен.

Сарајкиќ не е во полициската евиденција и претходно не го прекршил законот, ниту пак е приведен.

Од друга страна, Кршо имаше подебело досие, а во 2013 година беше уапсен за обидот за убиство на Бенјамин Делалиќ во Сараево.