Две братчиња од Велес на возраст од четири и осум години беа пријавени од страна на нивниот татко С.Б. (39) за исчезнати. Тој го пријавил исчезнувањето на децата во Полициска станица Велес околу три часот наутро во неделата. Појаснил дека братчињата излегле од дома во саботата, во 19.30 часот, и не се вратиле назад.
Од СВР Велес за ,,Фокус” велат дека случајот со исчезнатите братчиња има среќен крај. Децата по два дена самите се вратиле дома.
-Во добра состојба се, на родителите им кажале дека излегле да се прошетаат, па се заиграле. Преноќиле кај некое другарче. На возраст од четири и осум години се – потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Додава дека се надева како родителите ќе имаат сериозен разговор со децата и ќе им појаснат во иднина да не им се повтори слична случка.