Тело на девојка пронајдено пред солитер (висока зграда) на аголот на улиците Немањина и Свети Сава во поширокиот центар на Чачак, објавуваат српските медиуми.

„Одеднаш слушнавме, а потоа видовме полициски возила како ротирачки пристигнуваат пред зградата. Се собраа луѓе, не ни дозволија да влеземе во зградата бидејќи не знаевме што се случува. Потоа дознавме дека настрадала девојка. Прерпоставуваме дека самата си го одзела животот скокајќи од 11-ти кат, вели еден од станарите на солитерот.

Околностите и точното време кога се случила оваа трагедија ќе бидат познати по натамошната истрага.