Капитенот на италијанската репрезентација Џорџо Кјелини вечерва не беше во стартната постава бидејќи селекторот Манчини беше сигурен во победата против Македонија и сакаше да го одмори пред дуелот со Португалија.
Сметките не излегоа на пазар, па Кјелини ќе добие одмор до идниот викенд кога продолжува Серија А, а в недела ќе ја гледа Македонија во Порто. Иако има 37 години, тој не планира да се повлече од националниот тим, а за елиминацијата ги посочува грешките од блиското минато.
„Разочарувањето е големо, игравме добро, но не успеавме да постигнеме гол. Вечерва плативме за грешките од септември до денеска и тоа придонесе да се чувствуваме уништени. Потребно е да почнеме одново, се надевам дека тоа ќе биде под водство на Манчини“, изјави Кјелини.
Манчини најави оставка ако Италија доживее елиминација вечерва, па останува тоа да го потврди на прес-конференцијата. Мундијалот во Катар ќе биде втор по ред на кој нема да играат „аѕурите“, нешто што не се случило никогаш досега.