Возач на камион со македонски таблици загина во Бугарија по тешка несреќа на автопатот „Тракија“ во која учествувало друго тешко товарно возило.

Според информациите на бугарското МВР, до несреќата дошло во 6.40 часот утрово, а загинат е единствено македонскиот возач.

Возилото со македонски регистарски ознаки превезувало санитарна опрема.

До сударот дошло додека македонскиот камион се обидувал повторно да се приклучи во движење, откако претходно возачот застанал на третата лента.