ИЗЛЕАНО УЛЈЕ КАЈ ОХИС ПРЕД ПИНТИЈА – ВНИМАТЕЛНО ВОЗЕЊЕ, АСФАЛТОТ Е ЛИЗГАВ, објави новинарката Јоци на социјалните жрежи.

Граѓани кои биле шокирани од глетката и едвај закочиле од излеаното улје на бул.Борис Трајковски, веќе ја пријавиле хаваријата во полиција, по што екипи се веќе на терен за утврдување на причините и сторителите.

Исто излезени се и инспектори од Општина Кисела Вода со цел увид во состојбата и што точно се случило.

Станува збор за градска улица, бул.Борис Трајковски. Надлежен е Градот и ,,Водовод и канализација”. Но, и Пожарната единица, велат граѓани, затоа што улицата мора да се испере со специјални средства за да се доведе во првобитна состојба.

Непотврдено, улјето се излеало од атмосферската канализација на булеварот, но повеќе информации ќе има веројатно во текот на денот.