Кошаркарската легенда и трофеен репрезентативец на поранешна Југославија, Жарко Паспаљ итно е хоспитализиран. Неговата состојба е стабилна, дознава Sportal од извор близок до легендарниот кошаркар.
Жарко Паспаљ попладнево итно бил примен во болница, но лекарите успеале да му ја стабилизираат состојбата и сега е добро.
Засега не се знае што точно го предизвикало проблемот, но најверојатно се работи за аритмија, бидејќи познатиот кошаркар веќе имал проблеми со срцето, по што направил аблација.
Аблацијата е начин за лекување на тешки аритмии, поради што Паспаљ отишол во болница.
Да потсетиме, Паспаљ во 2001 година доживеа миокарден инфаркт на долниот дел од срцето додека играше фудбал со своите пријатели. Исто така, пред две години тој повторно заврши во болница поради како што рече тогаш „стари проблеми“.
Трофејниот репрезентативец неодамна во емисијата „Ординација“ зборуваше за своите здравствени проблеми и откри како преживеал два инфаркти и мозочен удар. Првиот срцев удар го доживеа на 35 години, додека сè уште активно се занимаваше со спорт.