Безживотното тело на градскиот советник од Тузла Дамир Муратовиќ е пронајдено вчера наутро пред станбена зграда. Инспекторите ја утврдуваат причината за смртта.

Како што потврдија за тамошните медиуми од Полициската управа на Министерството за внатрешни работи на кантонот Тузла, нивните службеници во полициската станица Запад вчера утрото околу седум часот добиле пријава дека во „Драге Карамана“ има безживотно тело на маж. Смртта била констатирана од лекар од Итна медицинска помош од Здравствен дом Тузла.

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при Управата на полицијата во Тузла, под надзор на кантоналниот обвинител, вршат увид и ги преземаат потребните мерки и дејствија“, рекоа од Полициското одделение на МВР.

Како што неофицијално е потврдено, пронајдено е телото на Дамир Муратовиќ, роден 1981 година, советник во Градскиот совет во Тузла. Првите индиции укажуваат на самоубиство, а официјалната причина за смртта ќе ја утврди истрагата што ја води кантоналниот обвинител.