Ракетниот крстосувач „Москва“, кој беше оштетен во експлозијата, потона за време на влечењето, соопшти Министерството за одбрана на Русија.
– При извлекувањето на крстосувачот „Москва“ до одредишното пристаниште, поради оштетување на трупот што настана по експлозијата на муниција, бродот ја загуби стабилноста. Поради лошото време и немирното море, бродот потона, соопшти руското МО.
Да потсетиме, Москва рано утринава соопшти дека избувнал пожар на крстосувачот „Москва“, по експлозија на муниција.
За среќа, екипажот беше успешно евакуиран. Покрај тоа, главното ракетно оружје не е оштетено, а изворот на пожарот е локализиран и бродот останал на површина.