Рускиот претседател Владимир Путин му рекол на својот француски колега Емануел Макрон дека Москва е отворена за разговори со Киев, соопшти Кремљ.
„За време на долгиот телефонски разговор на иницијатива на француската страна, рускиот претседател Владимир Путин и францускиот претседател Емануел Макрон имаа сериозна и значајна размена на мислења за сите аспекти на ситуацијата околу Украина“, се вели во соопштението.
Путин му рекол на Макрон дека решението на кризата во Украина е можно само ако безусловно се земат предвид легитимните безбедносни интереси на Русија, кои вклучуваат:
– признавање на рускиот суверенитет над Крим.
– демилитаризација и денацификација на украинската држава.
– обезбедување на неутрален статус на Украина.
Претседателот на Франција во последните часови неколкупати разговарал со украинскиот лидер Владимир Зеленски, соопшти прес-службата на Елисејската палата.