Листам по портали, Фејсбук, во надеж дека ќе прочитам нешто за Вања. Шестиот ден помина, и уште ништо, напиша доцна синоќа на социјалните мрежи новинарката Ирена Радовановиќ.
– Спасовски рече синоќа биле пет лица приведени. Штом се приведени, најверојатно биле вмешани. Поминаа 24 часа од приведувањето, досега требаше да има информации што е со девојчето. Ај да видиме утре дали ќе има некоја вест. Многу време се изгуби, напиша Радовановиќ.
Според неа, “се видоа сите пропусти на државата кога е во прашање безбедноста”.
– Се сомневам во способноста на власта да ги среди тие недостатоци, заклучува новинарката.