Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека бројот на случаи на коронавирус повторно се зголемува во некои делови од светот, со појавата на нов сој на вирусот, означен како „NB.1.8.1“.

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека бројот на случаи на коронавирус повторно се зголемува во некои делови од светот, со појавата на нов сој на вирусот, означен како „NB.1.8.1“, но дека ризикот за јавното здравје во моментов е оценет како низок на глобално ниво.

Зголемувањето на случаите е регистрирано првенствено во земјите во Источниот Медитеран, Југоисточна Азија и Западниот Пацифик, објави NBC News.

Американските власти го идентификуваа новиот сој преку надзор на аеродромите кај патниците кои пристигнале од тие региони во Калифорнија, Вашингтон, Вирџинија и Њујорк.

Новиот сој сочинува речиси 11 проценти од секвенционираните примероци пријавени во средината на мај.

СЗО го класифицираше како „сој под надзор“, што значи дека се следи за евентуално пошироко влијание, но во моментов не се смета за особено опасен за заразените.

Организацијата нагласува дека досега нема докази дека овој сој предизвикува потешки форми на болести во споредба со претходните варијанти на вирусот.

Се очекува и постојните вакцини да продолжат да обезбедуваат соодветно ниво на заштита.

Во меѓувреме, здравствените власти на САД ги променија своите препораки за вакцинација.

Секретарот за здравство и човечки услуги Роберт Ф. Кенеди Џуниор објави дека вакцините против коронавирусот повеќе не се препорачуваат за здрави деца и бремени жени.

Во САД и на глобално ниво, доминантниот сој на коронавирус моментално е „LP.8.1“, но „NB.1.8.12“ се шири брзо и внимателно се следи, објавува АП.

СЗО соопшти дека некои земји од Западен Пацифик пријавиле зголемување на случаите на Ковид и хоспитализациите, но досега нема индикации дека болеста поврзана со новата варијанта е поопасна од другите варијанти.