– Владејачката партија Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан има убедлива предност пред обединетата опозиција, покажуваат првичните резултати од парламентарните избори одржани денеска во Унгарија.
Резултати од 77,55 проценти од обработените избирачки места:
Фидес: 54,24 проценти
Обединети за Унгарија: 33,92 отсто
Движење на нашата татковина: 6,36 отсто
Состав во Парламентот:
Фидес: 135 пратеници
Обединети за Унгарија: 57 пратеници
Движење на нашата татковина: 7 пратеници
Во 19 часот официјално заврши гласањето за парламентарните избори во Унгарија.
На претходните избори, Фидес на Орбан освои 133 пратенички места, колку што всушност се потребни за двотретинско мнозинство.