Кратка хорор приказна за Citroen AВТОНОВА 🤷🏼‍♀️ Драги пријатели, на ден 18.03.2021 год, дигнав кредит и купив ново возило Citroen C3 во овластениот салон Автонова кое имаше 2 години гаранција. На ден 18.11.2022 година истото ми се запали на паркингот на мојата адреса.

Ја знаете процедурата, пожарна, полиција, па увидна полиција па чекање записник околу тоа дали пожарот е предизвикан од трето лице или настанат од самото возило.

Тадааааа ПОЖАРОТ НЕ Е НАСТАНАТ ОД ТРЕТО ЛИЦЕ И НЕ СЕ НАЈДЕНИ ЗАПАЛИВИ МАТЕРИИ во возилото кое поради короната имаше поминато само 3000 km.
Муабетот ми е, откако го добив записникот, се обратив до Citroen и телефонски и по маил и по пошта. Таков безобразлук претпоставувам по наредба немам видено ни кога не ми биле ок некои патики, а не па кола.

Вработените се правеа мртви и немав никогаш никаков одговор. Се обратив и до газдата, не само што не ми одговори, туку ме блокираше 🤷🏼‍♀️ Чукнав на неколку врати но сите креваа раменици. Едноставно во ваква ситуација државата НЕ ве заштитува на ниту еден начин. Кога го купував возилото, вработените беа максимално ангажирани дури и за бојата. Кога ми изгоре, истите се правеа мртви.

Нормално дека за се што кажав имам докази и стојам зад секој збор. Доброто го победува злото, ама не и во Македонија. Заобиколете ги, пошто ова може да му се случи на секој. Рати плаќаш кола немаш, само и само во Македонија драги пријатели ❤️ Во меѓувреме додека немаш кола, возиш туѓи или се снаоѓаш како знаеш, никој ништо не го интересира. Ваква СТОКА што не превзема никаква одговорност и се прави луда на ПИСМЕН ДОКУМЕНТ од државата, мајка не раѓа.

10 месеци се поминати, не ме примија на ниту една средба, иако барав многу пати. Во Автонова може и слика моја ставиле за забранет влез, пошто они продаваат сладолед.

п.с. За да дојдете до записникот Ви треба адвокат по ново, ако немате пари да го платите-умрете !
Citroën

ДЕЧКИ, ПИШАВ И ВО ФРАНЦИЈА МИ ОДГОВОРИЈА ДА СИ СЕ ОБРАТАМ ДО НАДЛЕЖНИОТ САЛОН ВО МК, ОДНОСНО АВТОНОВА