Од истата бензинска пумпа со истиот автобус во истите ноќни услови. Група бугарски сообраќајни експерти тргнуваат во потрага по причините за страшната сообраќајна несреќа.
Пред почетокот на патувањето правиме внатрешна обиколка на автобусот
Пред очите на возачот поминуваат истите слики кои ги гледал неговиот македонски колега во кобната ноќ. Единствено што недостасува е маглата и влажниот коловоз.
Јасно е дека патниот правец има сериозни проблеми со сигнализацијата.
На неколку стотици метри пред несреќата, белата линија исчезнува.
Заштитните огради се посебен проблем.
Она што е сигурно е дека возачот бил буден и се обидел да кочи за што сведочат и трагите на асфалтот.
Сега на потег се истражителите. Резултатот на нивната истрага го чекаат семејствата на загинатите и јавноста и во Македонија и во Бугарија.