Чуварот на заштитеното подрачје Увац во југозападна Србија, Миливоје Ремовиќ, во селото Мишевиќи, сместено на над 1000 метри надморска височина, се изненадил од неверојатната глетка. На снежната покривка здогледал огромна змија поскок, што е исклучително ретка појава со оглед на тековната сезона.
– Тој ден беше околу седум степени, а на снегот беше јасно видлив огромен поскок кој се виткаше. Иако имав можност да ги сретнам овие змии, ова беше најголемиот рептил што сум го видел. Ова за нив е сосема невообичаена појава, бидејќи тие не излегуваат на сонце пред Ѓурѓовден, па дури и тогаш доколку температурите не се прилично високи, изјави Миливоје за РИНА.
Она што ја натерало оваа змија да излезе среде зима и длабокиот снег ќе остане мистерија, како и нејзиното понатамошно движење. Инаку, во овие села може да се видат змии поскоци и шарки, но секако не во февруари.
ПОСКОК во снегот, претскажување за природна катастрофа?
Според народното верување, ова чудно однесување на змиите во зима предупредува на природна катастрофа, што не ја исклучува можноста ниту од земјотреси. Според народните верувања, излегувањето на змиите во зима, претставува одредено претскажување за лоши настани.
– Луѓето отсекогаш се плашеле од појави кои не се секојдневни, а конкретни причини за страв не постојат. Некогаш се мислеше дека змијата што се појавила во зима е онаа што каснала некого во текот на годината, па земјата не ја враќа назад. Народот се плашел и тие појави секогаш биле поврзуван со некои лоши настани, вели етнологот Снежана Ашанин.
Експертите, пак, велат дека причините за оваа појава можеби се климатските промени. Змиите чувствуваат вибрации и тектонски нарушувања и затоа реагираат на начин кој не е вообичаен.
– Можно е излегувањето да е предизвикано од некој извор на топлина, а имајќи предвид дека беше долга и топла есен, веројатно тоа може да биде причината, вели биологот Душко Брковиќ.