Српскиот јутјубер Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, досега живееше во елитна населба во Белград, а сега на социјалните мрежи се пофали со новиот стан во кој се вселил и открил дека вреди 2 милиони евра и има 300 квадрати.

Во станот ќе живее со својата девојка, инфлуенсерката Ања Бла, а парот ќе ужива во многуте погодности што ги има станот. Имено, во тие 300 квадрати имало огромна дневна соба, спа центар, теретана, џакузи и апартман за гости. Има и посебна просторија во која Ања ќе се снима, ќе се шминка и средува, а во собата има и голема гардероба. Централниот детал на станот се бројните огледала кои се наоѓаат насекаде.

Богдан Илиќ не купува луксузни работи само за себе, туку и за своите најблиски. На својот најдобар пријател Игор му подарил автомобил од 50.000 евра како свадбен подарок. Тогаш Богдан истакна дека автомобилот е симбол на благодарност до неговиот пријател бидејќи тој секогаш бил тука за него.